Берзата ќе заживее само ако се вратат странските инвеститори. За опоравување на македонскиот пазар на хартии од вредност и годинава клучeн ќе бидe епилогот од процесот на евроатланската интеграција на земјата. По истекот на 2010-та, исклучително тешка берзанска година, први знаци како ќе биде годинава надлежните очекуваат напролет. За очекување е крајот на првиот квартал да биде доста сензитивен тајминг, и тоа не само поради тоа што ќе се испорачуваат ревидираните резултати на нашите компании во тоа време и инвеститорите кои ја креираат побарувачката, не само домашните туку и странските инвеститори, тогаш ги сумираат нивните резултати и тогаш носат одлуки за алокација на нивните средства во идниот период. На берзата лани се истргуваа околу 92 милиони евра, што е пад на прометот во однос на 2009-та за 16 проценти, или за 70 проценти во однос на 2007-та, годината на берзанскиот бум. Ако пред неколку години беше топ тема на разговори во сите кругови, денеска берзата речиси и да не се споменува. Вредноста на акциите е потценета. Нивната цена е на нивото од пред половина деценија.
Берзата ќе заживее само ако се вратат странските инвеститори. За опоравување на македонскиот пазар на хартии од вредност и годинава клучeн ќе бидe епилогот од процесот на евроатланската интеграција на земјата.
По истекот на 2010-та, исклучително тешка берзанска година, први знаци како ќе биде годинава надлежните очекуваат напролет.
„За очекување е крајот на првиот квартал да биде доста сензитивен тајминг, и тоа не само поради тоа што ќе се испорачуваат ревидираните резултати на нашите компании во тоа време и инвеститорите кои ја креираат побарувачката, не само домашните туку и странските инвеститори, тогаш ги сумираат нивните резултати и тогаш носат одлуки за алокација на нивните средства во идниот период“, изјави Иван Штериев - директор на македонска берза.
На берзата лани се истргуваа околу 92 милиони евра, што е пад на прометот во однос на 2009-та за 16 проценти, или за 70 проценти во однос на 2007-та, годината на берзанскиот бум.
Ако пред неколку години беше топ тема на разговори во сите кругови, денеска берзата речиси и да не се споменува. Вредноста на акциите е потценета. Нивната цена е на нивото од пред половина деценија.
Брокерите велат дека и покрај кризата пари има но, инвеститорите се воздржани.
„Се работи за сигурност во вложувањето, преголемиот пад во 2007, 2008, 2009 допринесе да бидат претпазливи, онаа еуфорија која што ја имаа од почетокот и со незнаење влегување во одредени хартии од вредност се одрази во друга насока на голема голема претпазливост“, вели Јованче Тасковски, Иново брокер.
Психолошкиот фактор е пресуден за движењата на берзата годинава.
„Психолошкиот фактор е таа еуфорија, тој животински инстинкт кај луѓето кои што сакаат во еден момент ценат дека ризикот е многу помал, а денеска очигледно ценат дека ризикот за инвестирање е преголем“, велат аналитичарите.
Економската криза во светот заврши но, заздравувањето ќе оди бавно.
„Странските берзи доста пораснаа, вратија еден дел од нивните минуси кои беа во 2007-та, 2008-та и ние доста заостануваме целиот регион генерално, но од друга страна тоа е шанса сега да се инвестира, да се купат поевтини хартии, поевтини акции“, изјави Александар Манев, „Илирка“.
За да стане поатрактивен домашниот берзански пазар мора да се зголеми понудата. Финансискиот пазар во земјава засега се идентификува најмногу со банките.
Во Европа граѓаните се повеќе вложуваат во инвестициски фондови. Преку нив купуваат акции, злато, обврзници.
Кај нас вложувањата во фондови се минимални иако само преку нив граѓаните можат да купат акции секаде во светот.